Објавени првите детали од несреќата на Брајант: Моторот на хеликоптерот не откажал

EPA-EFE/NTSB / JAMES ANDERSON

Експертите од американскиот Национален одбор за безбедност при транспорт (НТСБ) го објавија прелиминарниот извештај за несреќата на хеликоптерот Сикорски С76Б во кој загинаа Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица.

Според извештајот на НТСБ, причина за падот на хеликоптерот не е моторот. Пресечена гранка од едно дрво на местото каде што се урна хеликоптерот упатува на заклучок дека моторите и роторот на хеликоптерот работеле до самиот момент на ударот. Тоа е заклучено по деталниот преглед на сите остатоци на хеликопетрот.

Иако пилотот Аjра Зобајан имал одобрување за специјален визуелен лет (СФВР) од воздушната контрола, тој немал правно овластување за таков режим на летање бидејќи авиокомпанијата во чија сопственост бил хеликоптерот не била лиценцирана да управува со СВФР.

Прретходно Сојузната американска администрација за авијација ја овластила компанијата да спроведе визуелен лет само со барање за видливост од најмалку 4,8 километри и облаци не помалку од 300 метри над земјата.

Иако на хеликоптерот имало софистицирани визуелни летачки инструменти одобрени од ФАА, на компанијата и било дозволено да лета само во услови на доволно добра видливост за визуелна навигација, а не во неповолни временски услови. Сепак, кобниот ден хеликоптерот се одлучил да полета по што се случи големата несреќа.

Според сведоци на несреќата, на истражителите на НТСБ им посочиле дека хеликоптерот низ магла летал кон земјата, а после несреќата контролната табла на леталото е уништена и најголемиот дел од инструментите биле расфрлани, па сега сето тоа што е собрано ќе оди на дополнителни истраги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот