Објавени номинациите за 77. Златен глобус! И оваа година жените се „осакатени“

Драмата на Нетфликс „Marriage Story“ доби најмногу, шест, номинации за Златен глобус, а потоа следат филмовите „Irishman“, кој исто така се прикажува на Нетфликс и „Once Upon A Time In Hollywood“ на тарантино, додека Џокер освои четири номинации.

Филмот на Ное Баумбака „Marriage Story“ е современа студија за случај на брачните води спакована во жанровско флуидно поле на проповедање. Топлината и милината на два монолози во кои партнерите се претставуваат еден со друг и она што најмногу го сакаат кај своите сакани-несакани половини – потсеќа на непријателски став во ординацијата на брачниот советник. Никол и Чарли повеќе не комуницираат бидејќи таа сака едно, а тој мисли дека се договориле за нешто друго. Всушност, никогаш не разговарале што сакаат.

Церемонијата на доделувањето на Златните глобуси која често е индикатор за тоа како ќе поминат Оскарите, оваа година ќе се одржи на 5 јануари во Лос Анџелес.

За најдобра ТВ серија или филм номинирани се „Квака 22“, „Чернобил“, “Fosse/ Verdon“, „The Loudest Voice“ и „Unbelivable“.

Актерки номинирани за најдобро остварување во телевизиска драмска серија се Џенифер Анистон (The Morning Show), Оливија Колман (The Crown), Џоди Комер (The Crown), Никол Кидман (Big Little Liew) и Рис Витерспун (The Morning Show).

Актери номинирани за најдобро остварување во телевизиска драмска серија се Брајан Кокс (Succession), Кит Харингтон (Game of Thrones), Рами Малек (Mr. Robot), Тобајс Мезис (The Crown) и Бил Портер (Pose).

Во категоријата најдобра комедија/мјузикл номинирани се „Долемајт е моето име“, „Зајакот Џоџо“, „Беше еднаш во… Холивуд“, „Рокетмен“ и „Нож во грб“.

„Беше еднаш во… Холивуд“ и „Ирецот“ имаат по пет номинации.

За најдобар актер во драма, покрај Драјвер, конкурираат и Хоакин Феникс („Џокер“), Кристијан Бејл („Ле Ман ‘66: Славни 24 часа“), Антонио Бандерас („Болка и слава“) и Џонатан Прајс („Двајцата папи“), а во женска конкуренција се уште Шарлиз Терон („Тие се бомби“), Синтија Ериво („Хариет“), Рене Зелвегер („Џуди“) и Сурша Ронан („Мали жени“).

И оваа година жените се „осакатени“, бидејќи ниту една не е номинирана во категоријата најдобар режисер. Бонг Јун Хо („Паразит“), Мартин Скорсезе („Ирецот“), Квентин Тарантино („Беше еднаш во… Холивуд“), Сем Мендес („1917“) и Тод Филипс („Џокер“) се во жестоката конкуренција за најдобар режисер.

Номинација за најдобар странски филм добија „Клетници“, „Болка и слава“, „Паразит“, „Збогување“ и „Портрет на жена во оган“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот