Објавени и резултатите, Меси ја освојува „Златната топка“! (ФОТО)

фото:твитер

Француските медиуми на еден ден пред свечената церемонија ги открија резултатите и веќе на тој начин се знае дека „Златната топка“ повторно ќе заврши во рацете на Лионел Меси (Барселона).

„Дејли Мирор“ објавува дека листата на резултатите (не е познато дали е официјална) се шири и низ социјалните мрежи, Меси е на врвот со 446 поени, пред ван Дајк со 382.

И тренерот на Барса, Ернесто Валверде верува дека Аргентинецот заслужува да го добие ова престижно признание.

– Претпоставувам дека мојот глас ќе биде и како вашиот, за најдобриот. Секоја година се бира за оној кој ја одбележа сезоната. Но, доколку таа мора да заврши во рацете на најдобриот, само дајте му ја на Меси и проблемот е решен – рече Валверде.

Главни конкуренти на првата ѕвезда на каталонскиот клуб се одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Виржил ван Дајк и напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Годинава Меси се закити со наградата за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА.

Во актуелната сезона досега одигра 13 натпревари во сите натпреварувања, постигна 10 голови и запиша осум асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот