Објавени дежурните аптеки во Куманово, дистриубирани пакети за ранливите категории

Општина Куманово објави информација за дежурни аптеки кои работат за време на полицискиот час во Куманово. Денеска и утре од 08:00 – 15:00 часот, работат аптекитеПЗУ Аптека Еурофарм број.1, Плоштад Нова Југославија бр.2  (стара градска аптека) , 071/291-851ПЗУ Аптека Про Виталис, улица. „11 Октомври”  број.45, 072/227-077 и 031/415-303ПЗУ Аптека Куманово 2, улица „Христијан Тодоровски Карпош” 35 (аптека Зегин кај пазарот зад Лукоил), 075/918-659.
Општина Куманово, информираше дека денеска тимови од Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст, дистрибуираа пакети на социјално загрозени семејства, со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција.
– Производите се обезбедени преку Локален социо – економски совет донација од општествено одговорни фирми: Центробизнис Куманово, Арди Фреш – Куманово, Фима Вест-Куманово, Алкалоид – Скопје, Мусли Маркет -Куманово, Елида Куманово, Селман Туризам-Куманово, Пивара Скопје-Скопје, Ќошар -Куманово, Кима Ком Куманово, Мит Груп – Куманово, Бентон – НИ – Куманово, Тиди – Куманово, Салса – Куманово, Реџија ДОО Куманово, Коримпекс Шус Куманово, ИН-Пошта–Радевски Куманово,  НТК- Макс Куманово, ДЕ- МАРКО Куманово, Анстасија Шус Куманово, Дизајн Текст Куманово и Босут Куманово, Делукс компијутери Скопје, УПМ Груп Скопје и Рапид Билдинг Скопје.
-Благодарност до сите фирми за оваа донација се вели во објавата на Општината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот