ОБЈАВЕНА ЖАЛБАТА НА СВИРКАЧОТ: Трамп бараше од странска држава да се МЕША во американските избори

Фото: EPA

Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот објавил преработена верзија на жалбата на свиркачот за американскиот претседател Доналд Трамп, која довела до истрага во Конгресот против него.

„Добив информации од повеќе службени лица во владата на САД дека претседателот ја користи моќта за да побара мешање на странски држави во претседателските избори во 2020 година. Тоа мешање вклучува, помеѓу другото, притискање на странски држави да покренат истрага против еден од главните домашни политички ривали на претседателот“, навел свиркачот во жалбата поднесена до шефот на Комитетот, Ричард Бур.

Тој навел дека се работи за прашање од голема важност.

Жалбата е поднесена во август, месец дена од разговорот помеѓу Доналд Трамп и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Фото: Профимедиа

Во жалбата е наведено дека неколку службени лица сведочеле за претседателскиот разговор, но дека самиот свиркач не присуствувал.

„Длабоко сум загрижен дека активностите подолу опишани претставуваат сериозен и флагрантен проблем, како и злоупотреба и кршење на законите“, навел свиркачот.

Тој понатаму во жалбата ги опишал деталите од телефонскиот разговор кој на 25 јули го воделе Трамп и Зеленски и кажал дека еден официјален претставник рекол дека Трамп го „притискал“ Зеленски да покрене истрага против Џо Бајден, бивши потпретседател и неговиот син Хантер, кој бил член на одборот на една украинска гасна компанија.

Тој напишал дека Трамп повеќе пати го споменал својот личен адвокат Рудолф Џулијани и државниот обвинител Вилијам Бар и му кажал на Зеленски да стапи во контакт со нив.

Тој исто така напишал дека, во различни случаи, Џулијани приватно разговарал со некои од блиските соработници на Зеленски, а наводно имал средба со еден од нив во август, но не му било познато за што разговарале.

Од жалбата може да се заклучи и дека Белата куќа пробала да сокрие транскрипт од овој разговор.

Во неа е наведено дека транскриптот на разговорот не е сочуван во компјутерскиот систем кој се користи за чување на „доверливи податоци од посебно чувствителна природа“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1177201488688537602?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1177201488688537602&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2Fxr1aDzR96%2F

По објавувањето на жалбата, се огласил и Трамп, кој рекол дека демократите на секој начин пробуваат да „ја уништат Републиканската партија и се за што таа се залага“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот