Објавена заедничка фотографија на принцот Ендрју и девојката што го обвинила за злоставување (ФОТО)

Profimedia

Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру е во центарот на еден од најголемите скандали кои некогаш ги доживеал британскиот двор. Војводата од Јорк се сомничи дека повеќепати имал секс со во тоа време малолетната Вирџинија Робертс, која го товари за ова кривично дело.

„Тоа не се случило. Апсолутно категорично можам да ви кажам дека тоа не се случило“, рекол принцот Ендру во интервју за BBC, во кое негирал дека ја познава Вирџинија Робертс.

Како контрааргумент на неговите тврдења се појавила слика на која тој ја држи Вирџинија околу половината, а со нив на фотографијата е и Жислен Максвел, која е окарактеризирана како „мадам“ со која „работел“ Џефри Епстајн.

Принцот Ендрј и Вирџинија Робертс/Profimedia

Бидејќи Ендру за сликата со Вирџинија тврдел дека е лажна и дека не се сеќава кога е „направена“, стручњаци за фотографија детално ја анализирале спорната слика и тврдат дека е вистинска – ги споредиле прозорците на сликата со прозорците на куќата на Максвел, разликата во висината меѓу војводата и девојката, неговите прсти…

Дејли мејл пишува дека на фотодоказот сè е автентично, а автор на фотографијата е Џефри Епстајн.

Синот на британската кралица негирал дека во минатото уживал на забавите со помлади девојки, а во прилог на тоа ја наведувал својата здравствена состојба, која го спречува да се поти.

Дејли мејл денес го поби и овој негов демант па објави видео од Сент Тропе, снимено пред десетина години, на кои Ендру ужива со девојки.

Поради бројните контрааргументи многумина цврсто веруваат дека имал сексуални односи со 17-годишната Вирџинија во 2001 и 2002 година на приватниот остров на Епстајн.

Принцот Ендру во едно интервју рекол дека не се кае поради дружењето со Џефри, бидејќи тоа му помогнало да стекне многу деловни контакти и да научи многу за бизнисот.

Кога пред неколку месеци првпат беше фрлено сомнение за неговата блискост со Ебстајн, кралицата Елизабета застана на негова страна и се појави во јавност со него, а дали и сега ќе го поддржи, останува да видиме.

Кој е принцот Ендру?

Принцот Ендру е роден на 19. 2. 1960 година. Во 1986 година се ожени со Сара Фергусон, која му била другарка од детството. Се развеле во 1996 година, а една од причините за тоа била неговата отсутност од дома поради морнарицата, како и аферата на неговата сопруга.

profimedia

Сликата на која на Сара Фергусон непознат маж ѝ го лиже прстот на ногата, тврдењата на арапскиот бизнисмен дека таа за половина милион фунти му ветила бизниси преку бившиот сопруг, биле само некои од скандалите на Сара Фергусон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот