Објавена снимка од нападот во Загреб, полицијата смета дека има елементи на тероризам (ВИДЕО)

Хрватската полиција објави снимка од нападот кој се случи во понеделникот на плоштадот Свети Марко во Загреб, за кој постојат сомнежи дека бил насочен кон премиерот Андреј Пленковиќ.

Полицијата го класифицира нападот на плоштадот Свети Марко како повеќекратен обид за тешки убиства со елементи на тероризам.

Како што пренесува „Вечерњи.хр“, директорот на полицијата Никола Милина и државниот обвинител од округот Загреб, Јурица Илиќ, денеска на прес-конференција зборувале за истрагата за кривичното дело, повеќекратен обид за убиство со елементи на тероризам.

На конференцијата беше прикажано видео од нападот.

-Ние презентиравме дел од фактите. Полицијата спроведува обемна истрага уште од првиот ден. Потврдено е дека се работи за три сериозни обиди за убиство на полицајци кои биле пред плоштадот Свети Марко. Постојат елементи на тероризам- рече Никола Милина.

Полицијата најде оружје во домот на лицето кое рани полицаец во Загреб, а потоа се самоуби

 

Прочитајте и...  Попоски позитивен на ковид-19

Хрватската полиција извршила претрес во куќата на  Даниел Безук, кој рани полицаец со неколку куршуми пред влезот во владината зграда на плоштадот Свети Марко во Загреб, а потоа изврши самоубиство.

Неколку часа пред да го изврши нападот, тој на Фејсбук напишал „Доста беше измами и безобзирно газење на човековите вредности без одговорност”.

Поврзани вести

Судири во Полска по дополнителните ограничувања на правото на абортус

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: На денот на ВМРО протестираме со автомобили во Скопје и во Штип

Слободен печат

Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев одбележан 23 Октомври

Слободен печат

Хрватска руши рекорди: Денеска 1.867 новозаболени, починаа седуммина

Слободен печат

МВР поведе постапка за полицаецот кој не реагирал на пријава за насилство во случајот со фемицид во Гостивар

Слободен печат

Соседна Бугарија има 1.595 новозаразени

Слободен печат

Остави Коментар