Објавена снимка од кражба на вредна слика на Ван Гог (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Сликата на Винсент Ван Гог „Пролетна градина“, украдена е на 30 март од музејот Сингер Ларен во Холандија, а сега е објавена снимка од безбедносните камери кои го забележаа тој настан.

Холандската емисија која се занимава со решавање на реални злосторства објави снимка на која се гледа како крадец ја разбива стаклената врата на музејот во текот на раните утрински часови на 30 март.

Подоцна се гледа како тој истрчува од музејот носејќи ја скапоцената слика на Ван Гог.

Како што пишуваат холандските медиуми, полицијата се надева дека јавното прикажување на снимката ќе помогне во пронаоѓање на крадецот кој ја украде сликата од Сингер Ларен музејот, додека тој бил затворен поради вонредните мерки.

Погледнете како тоа изгледа:

Видео на денот