Објавена снимка од хеликоптерот на Коби пред да се сруши (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин/Twitter

Смртта на НБА легендата Коби Брајант го обедини светот. Секојдневно излегуваат нови информации, фотографии и видеа од хеликоптерската несреќа во која животот го загубија 9 луѓе, меѓу кои 13-годишната ќерка на кошаркарот, Џиџи.

На последното видео кое се појави на социјалните мрежи, фатен е хеликоптерот само половина час пред да се случи несреќата.

-Се обидувам да ги снимам сите чудни работи кои се случуваат над мојата куќа. Меѓутоа, ова утро не забележав дека го снимив хеликоптерот во кој беа Коби Брајант, неговата ќерка и други, само 31 минута пред да се сруши. Почивај во мир, се вели во објавата на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот