Објавена снимка од грабнување на жена изутринава во Косово Поле – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Објавена снимка од грабнување на жена изутринава во Косово Поле

Ахмети истакна дека во координација со надлежните институции се работи за разјаснувањето на секоја околност која е поврзана со овој настан.

Изутринава во Косово Поле, една жена на сила била грабната од двајца мажи и била внесена во непознато возило. Информацијата за Телеграфи ја потврди и портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети

– Ве информираме дека Регионалната дирекција на приштинската полиција, има информација дека во Косово Поле, двајца осомничени со сила внеле во возило една жена и заминале од местото на настанот – потврди Ахмети за Телеграфи.

Ахмети истакна дека во координација со надлежните институции се работи за разјаснувањето на секоја околност која е поврзана со овој настан.

Инаку во објавените снимки, се гледа како две лица првично разговараат со жената, а потоа и ја затвараат устата и ја присилуваат да влезе во возилото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close