Објавена листата со пејачи кои ќе настапат на доделувањето на Греми наградите

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Тејлор Свифт, Карди Би и Били Ајлиш се меѓу 22-та уметници кои ќе настапат на доделувањето на Греми наградите. Доделувањето на престижните награди, 63-ти пат по ред, ќе биде одржано на 14 март во Лос Анџелес.

Покрај тоа, Бед Бани, Пост Малон, Меган Д Сталион и Дуа Липа исто така ќе настапат на долгоочекуваниот настан кој во живо ќе се емитува на „CBS“ и „Paramount +“.

Академијата за снимање ветува дека уметниците ќе се соберат, да свират и пеат музика едни на други како заедница и да ја слават музиката која сите нас не обединува, но дека ќе бидат испочитувани сите мерки за социјална дистанца.

Да се потсетиме, доделувањето на наградите требаше да се одржи на 31 јануари, меѓутоа поради неповолната епидемиолошка ситуација, настанот беше одложен за март.

Организаторите на Греми наградите соопштија на крајот на минатата година дека сакаат да го променат традиционалниот концепт за одржување на годишната церемонија, без публика и црвен тепих, односно потврдија дека тој ќе биде одржан „полу-виртуелно“.

Инаку, најмногу номинации за Греми наградите има Бијонсе, дури 9, додека за три помалку добија Дуа Липа, Тејлор Свифт и Роди Рич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот