Објавена листата на најбрзи фудбалери, Мбапе нема конкуренција

epa08751507 Kylian Mbappe (R) of Paris Saint-Germain scores a goal during the soccer Ligue 1 match between Nimes Olympique and Paris Saint Germain in Nimes, France 16 October 2020. EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

УЕФА ја објави листата со најбрзи фудбалери кои играа во Лигата на шампионите.

Елитното фудбалско натпреварување поради пандемијата на коронавирусот доживеа големи промени, но една работа не се менува.

Напаѓачот на европскиот вицешамипон, Килијан Мбапе и понатаму е најбрзиот фудбалер во Лигата на шампионите, објави УЕФА.
Мбапе во финалето против Баерн Минхен во еден момен т трчаше со брзина од речиси 34 километри на час.

Веднаш зад францускиот репрезентативец се наоѓаат двајца играчи кои својата брзина ја покажаа токму против ПСЖ. Дефанзивецот на Лајпциг, Лукас Клостерман трчаше со брзина од 33.89 километри на час, додека на играчот на Аталанта Ханс Хатебур му беше измерена брзина од 33.71 километри на час.

На листата на десет најбрзи фудбалери во Лигата на шампионите се наоѓаат уште и Ашраф Хакими (Борусија/Интер), Алфонсо Дејвис (Баерн), Кајл Вокер (Манчестер сити), Ферлан Менди (Реал Мадрид), Џо Гомез (Ливерпул), Виктор Осимен (Лил/Наполи), Рафаел Варан (Реал Мадрид) и Тимо Вернер (Лајпциг/Челси).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот