Објавена листа на најнепривлечни народи во светот

Ирските мажи и германските жени го стекнаа епитетот најгрди на светот.

Мажите од Ирска и жените од Германија се прогласени за најнепривлечни во светот, според податоците добиени од Интернет страницата со седиште во Лос Анџелес, која е позната по тоа што најпрвин „проверува“ дали луѓето што побарале да им се приклучат се убави или не, а потоа им дозволува само на оние што според нив се убави да станат нивни членови.

Токму оваа интернет страница наведува дека, според нив, најгрди се мажите од Ирска како и жените од Германија, додека, пак, Британците се рангирани на 18-то место од 21 земји чиишто жители биле земени предвид.

Исто така, Швеѓанките и Норвежанките имаат најмногу одобрени барања за „влез“ на овој сајт, па според нивните мерења важат за едни од најубавите во изборот од 21 земја, а од мажите најмногу прифатени членови има од Бразил и од Данска, што значи дека мажите што доаѓаат од овие земји се и најпривлечни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот