ОБЈАВЕНА КОНТРОВЕРЗНА СНИМКА: Руски функционер се сретна со „српски агент“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Снимката на која припадник на Руската разузнавачка служба се сретнува со српски агент, кој според тврдењето на бугарски истражувачки новинар е високопозициониран службеник и притоа му дава мито би можела да биде веродостојна.

На видео снимката е забележан моментот кога двајцата мажи се сретнуваат на еден паркинг во Белград, како и заминувањето до автомобилот. Според пишувањата и анализата на новинарот Кристо Грозев, на снимката се наоѓа полковникот Георгиј Викторовиќ Клебан кој дава мито на српски функционер. Важно е да се истакне дека Клебан работел или работи за руската амбасада во Белград и дека е припадник на Руската разузнавачка служба.

Откако српскиот агент ја презема ќесата и ја остава во возилото, двајцата заминуваат до еден угостителски објект. Подоцна на снимката се гледа како српскиот агент од ќесата вади коверт во кој наводно се наоѓаат пари.

Грозев тврди дека станува збор за Георги Клебан, а дека неговиот идентитет е утврден со помош на софтвер за споредување на лица „Микрософт Азур“.

Според пишувањето на РСЕ, во Министерството за надворешни работи е потврдено дека Георги Клебан бил на позиција помошник на претставникот за одбрана на руската амбасада во Белград, но од таа позиција бил одјавен во јуни 2019 година.

Автентичноста на видео снимката не е потврдена. Нема потврдени информации за тоа кога настанала снимката, кој е автор на снимениот материјал и за кои потреби е снимено видеото. Исто така непознат е и идентитетот на другата личност, која во описот на видеото е означена како „српски агент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот