Објавена е првата фотографија на Кристен Стјуарт како принцезата Дајана во филмот „Spencer“

Instagram

Кристен Стјуарт ќе ја толкува принцезата Дајана во претстојниот филм „Spencer“, а многумина веќе ја коментираат необичната сличност на актерката со принцезата.

Во јуни минатата година беше откриено дека Стјуарт ја добила главната улога во филмот кој ќе го драматизира „критичниот“ викенд во раните 90-ти години, кога Дајана одлучи дека нејзиниот брак со принцот Чарлс очигледно не функционира.

Instagram
Instagram   

Додека објавувањето беше исполнето со различни рекации, вклучително и бес поради неуспехот да се најде соодветна британска актерка за филмот, фотографијата што вчера беше објавена ги воодушеви филмските критичари кои ја воочија неверојатната сличност на ѕвездата родена во Лос Анџелес со Дајана.

Кристен изгледа неверојатно на фотографијата на која гледа низ прозорец, а носи копија од црвениот капут и шапка која ја носела принцезата.

Instagram
Instagram

Сценариото напишано од британскиот сценарист Стивен Најт, кој исто така е сценарист на хит серија „Peaky Blinders“, ги следи моментите во кои принцезата од Велс сфаќа дека мора да „скршне“ од кралската патека.

Приказната, се вели дека се случувала во текот на три дена за време на еден од последните Божиќни празници на Дајана во Сандрингем во Норфолк, Англија.

Филмот нема да ја „истражува“ трагичната смрт на Дајана, туку наместо тоа, се фокусира на нејзиниот брак со Чарлс и љубовта на Дајана кон своите деца, прицнот Вилијам и принцот Хари.

Instagram
Instagram

Одлучивме да влеземе во приказната за идентитетот и околу тоа како една жена одлучува да не биде кралица“, вели режисерот.

Кога веста за филмот беше објавена, на социјалната мрежа „Твитер“ имаше премногу прашања и коментари во врска со изборот на актерката која ќе ја толкува принцезата.

Чилеанскиот режисер Пабло Лараин, ја бранеше својата одлука Дајана да ја игра американската актерка.

Instagram
Instagram

Кристен е една од најголемите актерки на денешницата“, изјави за „Deadline“.

Тој воедно објасни дека актерката може да биде многу мистериозна и многу кревка, а воедно и многу силна и дека тоа е она што му е потребно.

Комбинацијата од тие елементи ме натера да размислувам за неа. Начинот на кој таа одговори на сценариото и како се приближува до ликот е многу убаво да се види. Мислам дека таа ќе стори нешто зачудувачко, а истовремено интригирачко“, објасни тој.

Profimedia
Profimedia

Во октомври минатата година, Кристен призна дека одамна на била толку возбудена за некоја улога. Актерката воедно истакна дека е вознемирена поради улогата во новиот филм „Spencer“, особено заради совладувањето на акцетот на покојната принцеза.

Акцентот е предизвикувачи, затоа што луѓето го знаат тој толку посебен глас“, изјави актерката која воедно додаде дека напорно работи на тоа и веќе има тренер со кој го совладува акцентот.

Тоа е една од најтажните приказни што постоела досега, и не сакам само да ја играм Дајана – сакам имплицитно да ја запознаам“, вели Стјуарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот