Објавена е плејлиста со 27 хитови кои ќе се слушаат на крунисувањето на Кралот Чарлс

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Бакингемската палата уште во октомври минатата година, го објави официјалниот датум на крунисувањето на кралот Чарлс Трети (74). Имено, крунисувањето е закажано за 8 мај, во Вестминстерската опатија, а таму ќе биде крунисана и неговата сопруга кралицата Камила Паркер-Боулс (75). Целата церемонија ќе започне два дена порано, на 6 мај, а важноста на овој историски настан е и во тоа што ова е прво крунисување по 70 години.

Сè е подготвено за претстојно крунисување на Чарлс Трети кое е закажано за во мај, а „Спотифај“ штотуку ја објави официјалната плејлиста на Прославата на крунисувањето, со импресивна постава на британски легенди и современи поп ѕвезди кои сигурно ќе ја подгреат атмосферата во празнично расположение.

Плејлистата од 27 песни, избрана од Одделот за дигитални, културни медиуми и спорт на Обединетото Кралство, вклучува класици како што се „We Are the Champions“ на Квин и „Let’s Dance“ на Дејвид Боуви.

Покрај овие легендарни нумери, плејлистата содржи и некои модерни поп хитови од ѕвезди како Хари Стајлс, Ед Ширан и „Running Up That Hill (A Deal With God) на Кејт Буш, која се здоби со обновена популарност благодарение на 4-та сезона од „Stranger Things“.


Плејлистата за Coronation Celebration започнува со „Come Together“ на Битлси и завршува со „King“ од британското синт-поп трио „Years & Years“. Сепак, вреди да се напомене дека „Rolling Stones“, веројатно најголемиот жив бенд во Британија, се забележително отсутни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III, која ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија, несомнено ќе се обиде да ја прифати модерноста по 70-годишното владеење на покојната кралица Елизабета Втора.

Во меѓувреме, на 7 мај, вечерта во замокот Виндзор ќе се одржи Концертот за крунисување и ќе биде емитуван од Би-Би-Си. Сепак, според повеќе извештаи од британскиот печат, неколку уметници, вклучувајќи ги Елтон Џон, Адел, Кајли Миног, Ед Ширан и Хари Стајлс, ги одбиле барањата за настап на оваа голема прослава.

Прв како монарх: Кралот Чарлс го слави својот 74. роденден

Кралот Чарлс го слави својот прв роденден како монарх

Во Велика Британија неработен ден по повод крунисувањето на Чарлс Трети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот