Фото: Промо

ВИДЕО | Објавена е новата песна „Милост“ на пејачката Наталија Данаилова

Пејачката Наталија Данаилова, која е добро позната на македонската јавност по учеството во повеќе талент шоуа, ја објави својата нова песна „Милост“, што нуди сосема нов звук за сите љубители на музиката.

„Музиката е инспирација, музиката е животна приказна, музиката е многу чувства пренесени во ноти… Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакаме луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, рече Данаилова за својата нова песна.

Таа наведе дека стилот на песната е нов и необичен, а звукот е создаден за долго да остане во меморијата на слушателите.

Данаилова зад себе има еден албум „Се за тебе“, а песната „Милост“ ќе биде дел од новиот албум што ќе биде завршен оваа пролет. Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.

Пејачката досега има земено учество на повеќе македонски фестивали, меѓу кои и „Макфест“ и „Македонски трубадури“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот