Објавен трејлерот за скапата серија по која полудеа фановите на Игра на тронови (ВИДЕО)

принтскрин

По завршувањето на Игра на тронови многу љубители на епската фантастика останаа со празни раце, но HBO ја најави серијата која многумина ја сметаат за наследник на популарната „GOT – Game of Thrones“.

Станува збор за серијата под назив „His Dark Materials“ која настанала според шаблонот на истоимената трилогија на британскиот автор Филип Пулман.

Серијата е сместена во свет по многу нешта сличен на нашиот, но во кој постојат многу работи кои ние би ги сметале за магија. Ќе ја следите приказнта за девојчето Лира кое е сирак и е сместена во Оксфорд, а нејзиниот живот се менува преку ноќ кога за неа интерес ќе почнат да покажуваат мистериозни посетители.

Еден од нив е нејзиниот чичко Асриел, угледен научник со прилично мрачни интереси, а другата таинствена личност е госпоѓата Коултер, дама од високото друштво со моќни врски во црквените кругови.

Отприлика во исто време во Оксхфорд започнуваат да исчезнуваат деца, а кога ќе исчезне нејзиниот најдобар пријател Роџер, одважната Лира се одлучува да појде во потрага по него.

Откако заминува од Оксфорд, Лира патува на далечниот север каде ја чекаат авантури со поларните мечки војници, вештерките и магичниот праф од вселената, од кој, како што изгледа, се плашат и нејзините моќни заштитници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот