Објавен огласот за доизградба на ООУ. „Димитар Македонски“ во Лисиче

Министерството за образование и наука ја отпочна постапката за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на училиштето OOУ. „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром.

Ова следува откако Владата минатиот месец даде согласност за превземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот за доизградбата на училиштето, при беше соопштено дека јавната набавка ќе чини над 950.000 евра.

Во огласот објавен од страна на Министерството за образование и наука се објавени условите за добивање на договорот, па сите заинтересирани страни може да ја превземат тендерската документација.

Понудите треба да се достават најдоцна до 08.01.2020 година во 10 часот, а јавното отворање на истите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Критериумот за добивање на договорот кој ќе биде со важност од 17 месеци, е најниската цена, а од буџетот за оваа намена беа одвоени вкупно 58.788.000,00 денари.

Министерството за образование на почетокот на минатиот месец донесе одлука за поништување на постапката со која требаше да се доврши започнатата градба на ОУ Димитар Македонски во скопската населба Лисиче.

Инаку за потсетување учениците од ова основно училиште наставата ја следат во субстандардни услови, во бараки изградени во 1964 година.

Децата од Лисиче и натаму ќе учат во руинираното училиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот