Објавен месечниот билтен на Македонска берза

За периодот 01.07.-31.07.2019 година вкупниот промет на Македонската берза изнесувал 798.210.152 денари.

Класичното тргување изнесува 315.171.948 денари и е намалено во однос на јуни за 4,98 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 223.081.346 денари и обврзници во вредност од 70.181.537 денари.

Блок трансакциите во јули изнесувале 483.038.204 денари и се зголемени за 1042,32 отсто во однос на јуни.

Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.427.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули беа на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје, и Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за јули 2019 година можете да го погледнете тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот