Објавен конкурсот за запишување во средно образование

Првото пријавување и запишување на учениците е на 16 и 17 јуни 2020.

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Првото пријавување и запишување на учениците е на 16 и 17 јуни 2020, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни 2020 година. Второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни и резултатите и слободните места ќе бидат објавeни на 26 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни и наредниот ден треба да бидат објавени резултатите.

Учениците кои ќе бидат упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 24 август 2020 година, за што ќе треба да достават доказна документација.

Податоци за критериумите за упис и потребните документи се содржани во Конкурсот, кој е поставен на веб-страницата на МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот