Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за Пописот 2021

Попис фото МИА

 Државниот завод за статистика денеска објави конкурс за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот од 1 до 21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија”, „Вечер”, „Слободен печат” и „Коха”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот