Објавен јавниот повик за Школата за политики за 2021 година на Претседателскиот центар за политичко образование

фото Архива

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави јавен повик за Школата за политики организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, што ќе се одржи во периодот од март до ноември 2021 година во рамки на четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Целта на Школата е поврзување на учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, учесниците треба да се на возраст од 25 до 35 години, да се државјани на Република Северна Македонија, да го познаваат англискиот јазик, а познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност, да имаат истакнато учество во општествениот и политичкиот живот во државата поттикнувајќи позитивни промени, солидни познавања на општествената терминологија, а работното искуство ќе се смета за предност.

– Потребни документи за апликација се пријава која може да се симне од следниот линк, биографија во облик на Europass CV, две препораки од еминентни професори/работодавачи, релевантни за тематиката на Школата, есеј на зададена тема по избор: 1. „Мојот придонес за позитивни промени во нашата држава” и 2. „Мојата визија за демократскиот развој на Северна Македонија”. Повеќе информации за Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование се достапни на https://pretsedatel.mk/pcpo/, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на усно интервју. Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 1 март 2021 година на [email protected].

Претседателскиот центар за политичко образование цели да организира инклузивни и пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, целосно да учествуваат. За повеќе информации за пристапноста на настаните или апликацијата, заинтересираните може да се обратат на [email protected]. Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.

Едукативните семинари ќе бидат одржани во согласност со протоколите за работа во време на пандемија со ковид-19, изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот