Објавен е списокот на предмети по кои треба итно да се постапува во судовите

Ова се дел од насоките на Судскиот совет кој ја објави одлуката за постпување на судовите во услови на зголемена опасност на вирусот Ковид-19.

Претседателите на судовите и судиите да ги менаџираат судските предмети согласно со мерките и препораките на Владата, да се контролира влегувањето во судот за да не се прави метеж на шалтерите. Ова се дел од насоките на Судскиот совет кој ја објави одлуката за постпување на судовите во услови на зголемена опасност на вирусот Ковид-19.
Станува збор за:

– Судења во кои има обвинети во притвор домашен притво или мерки за обезбедување присуство

– Кривични предмети за обвинети кои немаат живеалиште или престојувалиште во државата

– Кривични предмети за кои постои опасност од застарување

– Кривични дела за пренесување заразна болест, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, неукажување  медицинска помош, спречување службено лице во вршење на службено дејство, напад на службено лице, организирање отпор.

– Прекршочни предмети од итна природа

– Предмети за времени мерки

– Предмети кои се во фаза на донесување на одлука

– Предмети за кои постои опасност од повреда на судење во разумен рок

– Предмети кои по сила на закон се итни

– Прием на поднесоци и др работишто се врзани со законски преклузивни рокови

“Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката”, стои во одлуката на Судски совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот