Обилни дождови ширум Македонија: Во Крива Паланка наврнаа 19 литри на квадратен метар

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Попладнево во неколку градови ширум Македонија беа забележани обилни врнежи од дожд.

Деветнаесет литри дожд на квадратен метар наврнаа до 17 часот во Крива Паланка, 14 во Виница, 12 во Берово, шест во Маврово, пет кај Зајчев рид во Скопје и во Лазарополе, четири во Ѓуриште, информира попладнево Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вечерните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и силен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до  27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираа од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот