Обидот на Заев и Борисов да ја одложат блокадата

Бугарија ризикува да се изолира во ЕУ ако го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, но постигнувањето компромис се чини тешко

Република Северна Македонија и Бугарија потпишаа декларации за зелената агенда и за заедничкиот регионален пазар на Балканот, како дел од Берлинскиот процес за развој на Западниот Балкан. Премиерот на нашиот западен сосед, Зоран Заев, специјално дојде во Софија, додека другите учесници се приклучија онлајн.

Сепак, иако Берлинскиот процес го копретседаваа Софија и Скопје, тоа е само официјалната причина за посетата на Заев. Неговата вистинска цел беше да преговара со Борисов за начинот да започне преговори за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Во моментов, Бугарија е единствената земја што се заканува да го блокира процесот со ставање вето на рамката за преговори во Советот на ЕУ. Гласањето требаше да се одржи минатиот вторник, но бидејќи германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, кој претседава со Советот на ЕУ, е во карантин, гласањето беше одложено за 17 ноември. Тоа им дава на Софија и Скопје дополнително време да се обидат да постигнат договор. Засега, се чини дека двете страни не можат да најдат заеднички јазик. Што сака Бугарија од Република Северна Македонија? Бугарија се обидува да постигне неколку работи. Нашата земја бара гаранција дека Република Северна Македонија уште еднаш ќе се откаже од територијалните претензии кон Бугарија и тврдењата за постоење на македонско малцинство во Бугарија – нешто што веќе е напишано во Договорот за добрососедство меѓу двете земји во 2017 гoдина. Покрај тоа, Бугарија сака да го користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“, наместо македонски, за време на преговорите со ЕУ.Ова е дел од поголема група барања на Бугарија до нејзиниот сосед, кои произлегуваат од Рамковната позиција усвоена едногласно минатата година од бугарското Собрание. Покрај промената за „македонскиот јазик“ и одрекувањето од малцинствата и територијалните претензии, тој бара и конкретни резултати од заедничката Комисија за историја, што во формулацијата значи целосно прифаќање на бугарското историско толкување од страна на соседната земја.Вицепремиерот Каракачанов, поддржан од министерката за надворешни работи Захариева, рече дека владата е едногласна во барањето Република Северна Македонија да потпише анекс на Договорот за соседството, ветувајќи дека ќе ги исполни сите барања на рамковната позиција на Бугарија. Заев тоа го одбива.Без оглед на историските аргументи, ова не само што не е реален политички пристап, туку и обид за еднострано наметнување на бугарската позиција во наводно билатерални добрососедски односи.Барањата на Бугарија не завршуваат тука. На крајот на октомври стана јасно, прво од извори на „Политико“, но потоа со потврда од Захариева и Каракачанов, дека Бугарија сака Република Северна Македонија официјално да признае дека македонскиот јазик и историја имаат бугарски темели пред 1944 година – позиции коишто премиерот Зоран Заев ги дефинира како неприфатливи. Тоа би значело политичко самоубиство за владејачката партија во Скопје – Бугарија навистина сака Северна Македонија официјално да признае дека скоро целата нејзина историја и јазик не се нејзини, туку бугарски.

Зошто?

Оправдувањето е дека, според Бугарија, Северна Македонија не го почитува Договорот за добрососедство од 2017 г. – работата на Комисијата за историја запре цела година, нема договор за Гоце Делчев, веќе постигнатите договори не се дискутираат јавно во соседната земја и нема никакво движење за гаранции за заеднички инфраструктурни проекти. Захариева посочува дека „говорот на омраза“ и антибугарската реторика се широко распространети во Република Северна Македонија.За разлика од Договорот од Преспа од 2018 г., бугарскиот договор со Скопје не вклучува никакви рокови за работа на Комисијата за историја, туку е симболичен документ меѓу двете земји со многу малку конкретни обврски. Од своја страна, Бугарија, всушност, се обврзува со Северна Македонија да го сподели своето европско искуство, но без конкретно да го поддржи неговото усвојување, бидејќи толкувањата се во Скопје. Во последниве денови, северномакедонскиот тон се зацврсти, вклучително и со обвинувања кон Бугарија дека нејзиното вето во Советот на ЕУ би било кршење на Договорот. Реалноста е дека Договорот за добрососедство е напишан на начин што им овозможува на двете страни да не прават ништо и да ги одложуваат билатералните односи со текот на времето. Ако нешто се крши од двете страни, тоа е „духот на добрососедството“. Разликата е во тоа што, во овој случај, Бугарија е посилен партнер како членка на ЕУ. И откако Софија го прогласи проширувањето на ЕУ со Западен Балкан за приоритет на своето претседателство со ЕУ, таа сега самата е единствената пречка за тоа.

Европската Унија не нè разбира

Ултиматумот на барањата на Бугарија станува проблем за целата надворешна политика на земјата и за нејзините преговарачки позиции за други важни прашања во ЕУ. Бугарија нема сојузници во случајот со Северна Македонија и ЕУ не може да разбере како земја што официјално го признава својот сосед и има Договор за добрососедство со неа, не го признава нејзиниот јазик и историја? Европските дипломати за разни странски медиуми велат дека ефектот на сегашната состојба може да биде целосна изолација на Бугарија.

Во овој случај, Бугарија не може да смета на германската поддршка. Ротирачкото германско претседателство повика на компромис, но повторените изјави на вицепремиерот Каракачанов, кој повторно се заканува дека ВМРО ќе ја повлече поддршката од Владата доколку направи отстапки за Северна Македонија, како и министерката за надворешни работи Захариева, ја намалуваат можноста за компромис. На средба во Софија меѓу двајцата премиери, на која официјално не беше споменато проширувањето на ЕУ, Меркел ги потсети лидерите дека мора да се разберат – „не го заборавајте тоа“. Во сегашните околности, тоа речиси звучи како закана.

Напишано од Дејан Димитров

Преземено од „Капитал“ од Софија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот