Обиди за блокирање на „Северен тек 2“: САД ги прошируваат санкциите против компаниите

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

САД воведуваат санкции кон компаниите кои обезбедуваат услуги или капацитети за надградба или инсталирање на опрема за бродови за поставување на гасоводот „Северен тек 2“. На интернет страницата на Стејт департментот се наведува дека таквите активности подлежат на санкции според ПЕЕСА (Европски закон за заштита на енергетската безбедност 2019).

САД, поддржани од Полска, балтичките држави и Украина, долго време се обидуваа да ја блокираат изградбата на гасовод за пренесување на руски гас преку Балтичко Море до Германија.

Во декември во 2019 година, заканата од американски санкции ја принуди швајцарската компанија „Олсис” (Allseas), специјализирана за поставување цевководи, да се откаже од проектот, оставајќи само околу 160 километри до завршувањето на гасоводот. Сега Русија сама го комплетира „Северен тек 2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот