Обидете се да ослабете со „Војничка диета“

Фото: Профимедиа

Ако сакате да постигнете брзи резултати, односно за многу кратко време да ги изгубите вишокот  килограми што ги имате, обидете се тоа да го направите со т.н. војничка диета.

Се верува дека овој режим на исхрана е смислен од нутриционистите кои работат за војската на САД. Со овој начин на исхрана, во рок од седум дена се намалуваат и до пет килограми.

Токму затоа, кон неа можат да се придржуваат само оние што се здрави и витални, без претходни хронични болести. Според оние што се придржувале кон овој ригорозен начин на исхрана, за многу кратко време освен тоа што се намалува вишокот на килограми, се поттикнува и согорувањето на мастите, а се забрзува и метаболизмот.

Прв ден

Појадок: половина грејпфрут, 1 кришка тост, 2 лажици путер од кикирики, 1 шолја кафе или чај.
Ручек: 100 грама туна, 1 кришка тост, 1 шолја кафе или чај.
Вечера: 85 грама месо по избор, 100 грама зелени мешунки (грашок, боранија), половина банана, едно помало јаболко.

Втор ден

Појадок: 1 јајце, 1 кришка тост, половина банана.
Ручек: 100 грама свежо сирење, 1 тврдо варено јајце, 5 солени крекери.
Вечера: 2 виршли, 100 грама брокула, 100 грама морков, половина банана.

Трет ден

Појадок: 5 солени крекери, 1 кришка чедар сирење, 1 помало јаболко.
Ручек: 1 тврдо варено јајце, 1 кришка тост.
Вечера: 100 грама туна, половина банана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот