Обид за убиство во Општина Карпош, мотивот е љубовен триаголник
Во Општина Карпош во текот на денешниот ден по претходна расправија, вработен во опшината нападнал граѓанин со остар предмет, по што интервенирала полицијата. Тој бил пренесен во болницата „8 ми Септември“ поради потреба од лекарска помош.
-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.
Според неофицијални информации настанот се случил поради љубовен триаголник. Подолг период вработениот во општината бил во врска со мажена жена, а сопругот е сторителот на нападот.
Се работи на расчистување на случајот.