Обид за убиство во Општина Карпош, мотивот е љубовен триаголник

Македонска полиција / Фото: МИА

Во Општина Карпош во текот на денешниот ден по претходна расправија, вработен во опшината нападнал граѓанин со остар предмет, по што интервенирала полицијата. Тој бил пренесен  во болницата „8 ми Септември“ поради потреба од лекарска помош.

-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Според неофицијални информации настанот се случил поради љубовен триаголник. Подолг период вработениот во општината бил во врска со мажена жена, а сопругот е сторителот на нападот.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот