Обид за самоубиство во Загреб: Врие од полиција околу зградата на Колинда Грабар Китаровиќ, распоредени снајперисти на околните згради

Дојава за лице кое сака да изврши самоубиство во зградата во која живее и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ добила хрватската полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Тоа било причина за влез во објектот на тешко воорушени припадници на две единици за антитероризам со кучиња, објави „24сата.хр“ и додава дека на терен се најмалку 10 возила, односно дека местото е полно со полиција.

Медиумот наведува дека областа е преплавена со полиција, а по околни згради биле распоредени и снајперисти.

Според дел од хрватските медиуми, семејството на поранешната хрватска претседателка во моментот не е во зградата, бидејќи Грабар Китаровиќ волонтира во Петриња, град кој изминатиот период беше погоден од серија земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот