Обид за грабеж во домот на докторот Вело Марковски

Фото: Фејсбук

Полицијата го потврди обидот за разбојништво во домот на докторот Вело Марковски, воедно и нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално во домот била присутна неговата сопруга, па најверојатно од таа причина крадците се премислиле и грабежот останал во обид. Од МВР известуваат дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден.

– На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, се вели во кусото соопштение од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот