Обид за атентат во Кабул: На мета бил првиот потпретседател на Авганистан

Фото: nytimes.com

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба крај пат што била поставена за првиот потпретседател на Авганистан, Амрулах Салех, кој успеал да остане неповреден во обидот за атентат, соопшти неговиот портпарол.

Портпаролот на кабинетот на Салах, Разван Мурад изјави дека цел на денешниот напад бил конвојот на првиот авганистански потпретседател и истакна дека неколкумина негови телохранители биле повредени.

Досега никој не презел одговорност за нападот, кој се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха.

Салех, кој е поранешен шеф на разузнавањето, преживеа неколку обиди за атентат, вклучително и минатата година кога 20 лица беа убиени во напад врз неговиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот