Обид за атентат во Авганистан: Гувернер на провинција мина без повреди, загинаа осум лица

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Во самоубиствен напад со автомобил-бомба, чија цел бил гувернерот на авганистанската провинција Лагман, Рахматула Јармал, загинаа осум лица, а 30 се повредени. Гуверенерот не е повреден, јави германската новинска агенција ДПА. Меѓу загинатите има четворица цивили и четворица членови на обезбедувањето.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, но во тој регион се активни терористичката Исламска држава и талибанците. Обете екстремистички групи претходно извршија бројни напади врз претставници на авганистанската власт, персонал за национална безбедност и одбрана, но и цивили.

Според Мисијата на Обединетите нации (ОН), најмалку 1.282 цивили се убиени, а 2.176 ранети во првите шест месеци во оваа година во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот