Обид на кибер шпионажа поврзан со вакцината против коронавирусот, ФБИ бил вклучен во одбраната

Фото : Архива

Безбедносните служби на компанијата ИБМ открија обид за кибер шпионажа преку мејлови кои служеле да се соберат важни информации за начинот на дистрибуција на вакцината против коронавирусот, а ФБИ бил вклучен во одбраната.

Истражувачите рекоа дека не се сигурни кој стои зад нападите, кои започнаа во септември, и дали се успешни, но додадоа дека прецизноста на нападот и претпазливоста да не остават траги зборува за потенцијалните обележја на одредени земји, се наведува во блогот на истражувачкиот тим.

Нападите се извршени во земји како Германија, Италија, Јужна Кореја и Тајван и се верува дека се поврзани со развивање „ладен синџир” неопходен за да се обезбеди вакцините да бидат ефикасни, затоа што им се потребни ниски температури.

„Станува збор за пазар од речиси три милијарди луѓе, кои живеат во области каде што нема доволно ресурси за складирање вакцини на екстремно ниски температури”, додава ИБМ.

– Во Америка, ФБИ соработуваше со други федерални агенции за да се обезбеди сигурен развој на вакцината и испорака, рече Тонија Угорец, заменик при кибер одделот во ФБИ.

– Целта е да се одбијат не само кибер заканите, туку и да се запре традиционалната шпионажа од луѓе кои сакаат да украдат интелектуална сопственост и да профитираат од неа, или да и помогнат на друга држава, како и да ја нарушат довербата на САД во напорите да направат ефикасна вакцина, рече Угорец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот