Обезбедени 428 таблети за следење онлајн настава за учениците од Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди 428 смарт таблети за учениците за следење на онлајн настава.

Осум општествено одговорни копмании, денеска донираа 108 смарт таблети за  следење на онлајн наставата.

-Ова се особено тешки времиња за учениците, но и за нивните семејства, наставници кои мора да се прилагодат за следење на онлајн наставата, за што е неопходна соодветна ИТ опрема, рече градоначалникот Александар Наумоски.

Пред десетина дена , општината прими донација од 320 смарт таблети  и истите беа поделени во шесте основни училишта. Училишта добија по 53 таблети наменети за учениците кои имаат потреба од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот