Обесштетени 80 отсто од штедачите во Еуростандард, исплатени 3,3 милијарди денари

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Фондот за осигурување депозити досега преку четирите банки преку кои се врши обештетување на штедачите од Еуростандард банка има исплатено 3,3 милијарди денари, што претставува 80 отсто од вкупно  дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

-Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени, истакнуваат од Фондот за осигурување депозити.

Од Фондот наведуваат дека обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.

Исплатата започнана 15 септември годинава, а се исплаќаат депозити до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

Исплатата ќе се извршува преку Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халкбанк.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година, кога и беше одземена дозволата за работа на банката.

Оштетените штедачи на Еуростандард банка: Првите краделе, а вторите ги гледале како крадат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот