Обемна монографија и три изложби во чест на 70-годишнината на МГС

Седумдесет години од постоењето (1949 – 2019) и педесет години од користење на музејскиот објект Железничка станица (1970-2020) се јубилеи што Музејот на Град Скопје (МГС) ќе ги одбележи со пригодна манифестација на 12 февруари 2020 година.

Музејот на Град Скопје одбележува седумдесет години од основањето. Тој е формиран во 1949 година од Градскиот народен одбор на Скопје како Народен музеј на град Скопје. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година и санацијата на објектот на Железничката станица (од 1968 до 1970 година, проект на дипл. инж. арх. Светислав Петровиќ), Музејот на Град Скопје се вселил во новите простории од адаптираната зграда на Железничката станица во 1970 година.

Основната мисија на Музејот на Град Скопје е непосредно фактографирање на историскиот, општествениот, стопанскиот и културниот живот на градот. Својот јубилеј музејот ќе го одбележи на 12 февруари со пригодна манифестација, на која ќе биде промовирана монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“ и ќе бидат отворени три изложби.

– Во првата изложбена сала преку видеопроекција ќе бидат претставени активности и настани од основањето до денес. Видео презентацијата изработена во 3Д-мапинг технологија преку фотографии ќе ја опфати музејската и галериската работа во изминатите 70 години поделена по декади. Во втората изложбена сала ќе биде претставен дел од збирката на плакати за настани во седумдеценискиот период, додека во третата сала ќе биде поставена изложба со дел од најзначајните експонати од збирките на музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани (изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации), како и избор од најзначајните публикации објавени од основањето на музејот, информира директорот на Музејот на Град Скопје, Славко Лисичков.

Во монографијата на 300 страници и со над 200 фотографии се претставени сите значајни музејски предмети и уметнички дела од збирките на музејот. Нејзината промоција ќе се одржи на 12 февруари во 12 часот, додека отворањето на изложбите ќе се одржи истиот ден во 20 часот, со пригодна реч на Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, и Славко Лисичков, директор на Музејот на Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Прочитај повеќе

ИНТЕРВЈУ со Зоран Кардула: Разумот и солидарноста мора да победат

Тони Димков

Нов независен театар: „Златен Елец“ како можност за невработените актери

Тони Димков

Нова книга: „Маркации на новиот театар“ од Тодор Кузманов

Тони Димков

Драги Неделчевски: Фотограф што „краде“ слики од светот што го окружува

Тони Димков

Во Словенија: Големо признание за Лидија Димковска

Тони Димков

Пишувачки предизвик на „Три“: Карантински приказни – Антологија на изолацијата

Тони Димков

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ДОНАЦИЈА на „Арс ламина“: Книги за библиотеката во „СОС Детско село“

Тони Димков

Пораки по повод Светскиот ден на театарот

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 24 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

ЖИВОТ и работа во Њујорк: Зрела, уникатна и силна личност

Тони Димков

НОВ албум: „Хјубрис“ од Крсте Роџевски

Тони Димков

ИЗЛОЖБА во Финска: „Личен објект“ од Јане Чаловски поставена во Хелсинки

Тони Димков