Обележани патеки, поставени видиковци и информативни табли во Кучково

Општина Ѓорче Петров заврши со мапирањето на велосипедската и пешачката патека кај локалитетот Крст во Кучково. Во оваа рекреативна зона, како што информира градоначалникот Александар Стојкоски, мапирани и обележени се 8 километри пешачка патека и 4,5 километри велосипедска, која е во кружна форма.

Жителите на општината и градот Скопје добиваат одлично урбанизирано место за спорт и рекреација во најубавиот туристичко-планински предел во општина Ѓорче Петров – вели Стојкоски.

Покрај мапирањето, на овој простор се поставени и четири видиковци, пет информативни табли со мапи, 15 информативни табли за културни знаменитости и 23 патокази, како и корпи за отпад, клупи и столпчиња за одбележување на трасата.

Инвестицијата е на Биро за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и на општина Ѓорче Петров, а постапката ја спроведуваше Центарот за развој на скопскиот плански регион – информира градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот