Обединето Кралство, а различни правила: Самоизолација во Шкотска и Велс, но не и во Англија и С. Ирска

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Луѓето кои патуваат во Велика Британија се соочуваат со конфузија, истакна министерот за сообраќај, бидејќи Шкотска и Велс воведоа самоизолација за патниците од Португалија додека таква рестрикција не постои во Англија и во Северна Ирска.

Патниците од Португалија, Гибралтар, Француска Полинезија како и од грчките острови Миконос, Закинтос, Лезбос, Парос, Алтипарос и Крит, во Велс од денеска ќе мораат во самоизолација. Истата мерка во Шкотска ќе стапи во сила од утре и ќе се однесува на лица од Португалија и Француска Полинезија.

– Сфаќам дека непостоењето на едно правило создава забуна кај луѓето, но принудени сме на ваков одвоен пристап ширум Обединетото Кралство, па јас  можам да бидам одговорен само за англиското тло, рече министерот за сообраќај Грент Шапс за „Скај Њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот