Обединетите нации го поздравија формирањето на Влада во Либан

Фото: Профимедиа

Обединетите нации се посветени да му помогнат на Либан да го зајакне својот суверенитет, стабилност и политичка независност.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го поздрави формирањето на новата Влада во Либан и најави соработка со новиот премиер Хасан Дијаб со цел поддршка на реформите во оваа презадолжена земја која се соочува економската криза.

Во соопштение на портпаролот на генералниот секретар се вели дека Обединетите нации се посветени да му помогнат на Либан да го зајакне својот суверенитет, стабилност и политичка независност.

Либан доби нова Влада предводена од премиерот Хасан Дијаб, откако после повеќенеделен спор ја поддржаа шиитското движење Хезболах и неговите сојузници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот