Обамејанг верен на Арсенал, сака да стане легенда на „топчиите“

Тимот од Северен Лондон и официјално објави дека потпиша нов тригодишен договор со Пјер-Емерик Обамејанг.

Обамејанг во Арсенал пристигна пред нешто повеќе од две и пол години од Борусија Дортмунд, а денеска на радост на навивачите на „топчиите“ конечно стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.

Обамејанг потпиша нов тригодишен договор со Арсенал и сака да стане една од легендите на клубот.


– Ова е прекрасен ден, се надевам дека и вие уживате во вашиот ден. Времето е прекрасно. Сакам да станам легенда на Арсенал. Ветувам дека ќе давам се од себе на секој натпревар, како што беше и досега – изјави Обамејанг.

Со продолжувањето на договорот завршија шпекулациите за неговата иднина, одличниот напаѓач летово се поврзуваше со трансфери во Интер и Барселона, но последните денови беше извесно дека ќе остане во Арсенал.

Прочитајте и...  ФОТО: Елмас повторно тренира, но ќе го пропушти и дуелот со Реал Сосиедад!

Обамејант ќе има загарантирана плата од 250.000 фунти неделно, а доколку ги исполни бонусите, платата може да се зголемува до 100.000 фунти секоја недела.

Габонскиот репрезентативец за „топчиите одигра 112 натпревари на кои постигна 72 гола, а пред Арсенал и Борусија Дортмунд има играно и за Сент Етјен, Монако, Олимпик Лион и Дижон.

Поврзани вести

Победнички старт на Ѓоковиќ на турнирот во Виена

Слободен печат

Претседателот на ФИФА позитивен на коронавирус

Слободен печат

Објавена листата на најбрзи фудбалери, Мбапе нема конкуренција

Слободен печат

Мурињо во елемент: Во Тотенхем нема место за примадони

Слободен печат

Барселона поради Бартомеу не го донесе Халанд пред три години, го избркал директорот кој договарал трансфер

Слободен печат

За да не загуби 500 милиони долари, сезоната во НБА ќе стартува пред Нова година

Слободен печат

Остави Коментар