Обамејанг откри зашто ја одби Барселона и остана во Арсенал

Пјер Емерик Обамејанг беше еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок, во напаѓачот одлучи да потпише нов договор со Арсенал.

Речиси сите најголеми фудбалски екипи летово се обидоа да дојдат до неговиот потпис, а меѓу нив најупорна беше Барселона која остана без главен напаѓач по одлуката на управата да се ослободи од Луис Суарез.

Сепак, на крајот Обамејанг одлучи да остане во Арсенал и потпиша тригодишен договор.

Габонскиот репрезентативец во интервју за францускиот Канал плус открива зашто ја одби Барселона и потпиша нов договор со Арсенал.

Имав неколку понуди, посебно таа од Барселона беше примамлива, но приоритет ми беше да останам во Арсенал. И за тоа има две причини. Првата е Микел Артета со кого неколку пати разговарав за време на карантинот и успеа да ме убеди во неговиот проект -вели Обамејанг и додава.
– Ми рече: Во ред е, можеш да си заминеш. Не знам за што размислуваш, но имаш дозвола да си заминеш и на друго место да освојуваш трофи или да останеш тука и да оставиш нешто зад себе“.
Втората причина за мојата одлука е односот со навивачите, откако сум дел од Арсенал тие цело време веруваа во мене.

Прочитајте и...  Малдини: Доколку имаме шанси, Милан ќе се засили во јануари!

Поврзани вести

Победнички старт на Ѓоковиќ на турнирот во Виена

Слободен печат

Претседателот на ФИФА позитивен на коронавирус

Слободен печат

Објавена листата на најбрзи фудбалери, Мбапе нема конкуренција

Слободен печат

Мурињо во елемент: Во Тотенхем нема место за примадони

Слободен печат

Барселона поради Бартомеу не го донесе Халанд пред три години, го избркал директорот кој договарал трансфер

Слободен печат

За да не загуби 500 милиони долари, сезоната во НБА ќе стартува пред Нова година

Слободен печат

Остави Коментар