Обамејанг ќе го прекрши ветувањето и ќе премине во редовите на најголемиот ривал

twitter/Arsenal

Одличниот напаѓач му ветил на сега починатиот дедо дека еден ден во кариерата ќе игра за Реал Мадрид.

Барселона е во потрага по замена за Луис Суарез за кого сезоната е завршена и иако се шпекулираше со неколку имиња во последните неколку денови, денеска е најавена вистинска трансфер бомба.

Пјер Емерик Обамејанг може до крајот на зимскиот преоден рок да го напушти Арсенал и да се пресели во Барселона.

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, токму во Обамејанг ја гледа идеалната замена за Суарез кој може веднаш да има важна улога во играта на каталонците.

Обамејанг сезонава постигна 14 гола за Арсенал, а договорот со „топчиите“ му истекува идното лето. Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот со тоа што освен пари ќе понуди и некој играч.

Доколку Обамејанг потпише за Барселона, ќе го прекрши ветувањето кое му го даде на својот дедо, дека еден ден ќе го носи дресот на најголемиот ривал на каталонскиот клуб, Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот