Обамејанг е „дар од небото“ за Барселона

фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Барселона игра фантастично во 2022 година и во Ла Лига има скор од седум победи и само едно реми со што искачи на третото место на табелата, а големи заслуги за одличните игри и резултати има и јануарското засилување Пјер-Емерик Обамејанг.

Обамејанг кој буквално беше избркан од Арсенал, за Барселона одигра девет натпревари во сите категории на кои постигна шест гола, а екипата оствари шест победи има три ремија. По вчерашната победа од 4:0 над Осасуна и ремито на Севиља против Рајо Ваљекано, Барселона сега има пет бода помалку од тимот од Андалузија, но има и натпревар помалку, така што ниту второто место не е недостижно.

Со своите игри во изминатите два месеци, Обамејанг го воодушеви тренерот на Барселона, Чави Ернандез.

– Обамејанг ни е да од небото. Не станува збор само за неговите голови, туку и за начинот на кој тренира, неговиот професионален пристап. Тој е пример за сите наши играчи – изјави Чави кој исто така е импресиониран и од игрите на уште едно јануарско засилување, Феран Торес.

Најголема добивка од доаѓањето на Чави Ернандез на местото на Роналд Куман, има Осман Дембеле кој има фантастично. Иако управата во јануари сакаше да се отараси од него и му се закани дека ќе седи на трибините доколку не потпише нов договор.

Но, Чави не ја послуша управата и му дае шанса на Дембеле која фудбалерот ја искористи и на последниот натпревар против Осасуна доби овации од навивачите по асистенцијата на Рики Пуџ при постигнувањето на четвртиот гол.

– Доколку играте добро, ги правите луѓето среќни. Навивачите можат да видат дека Дембеле дава се од себе за Барселона, а нив не можете да ги измамите  – изјави Чави кој можеби ќе успее да го натера Дембеле да потпише нов договор со каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот