Обамејанг доби совет да го напушти Арсенал!?

twitter/Arsenal

Првиот човек на фудбалот во Габон, Алан Мунгуенги вели дека „топчиите“ немаат амбиции во Европа и го советува Обамејанг да оди во „поголем клуб“.

Пјер-Емерик Обамејанг е еден од најважните играчи на лондонскиот клуб, но како што стојат работите тешко дека нешто големо ќе освои во Арсенал.

Тој е роден во Лавал (Франција), но настапува за најдобрата фудбалска репрезентација на Габон.

Моментно е во Арсенал и ништо не освои, и тоа е колективен неуспех. Не сакам да кажам дека Арсенал не е амбициозен, но тој клуб нема амбиции во Европа – рече претседателот на Фудбалската федерација на габон, Пјер Алан Мунгуенги.

За услугите на Обамејанг се шпекулира дека интерес покажуваат екипите на Интер и Барселона. Лани постигна 22 голови во Премиер лигата, додека во оваа до прекинот на оваа сезона поради пандемијата на коронавирусот запиша 20 погодоци во сите натпреварувања.

Доколку би можел да обезбеди договор со поамбициозен клуб, сигурно би се вклопил. Сите луѓе од Габон би сакале да го видат Обамејанг на тоа ниво и така би можел да ја заврши кариерата во голем клуб со некој голем трофеј – додаде првиот човек на фудбалот во Габон.

Овој 30-годишен напаѓач има бројни индивидуални признанија, член е на „топчиите“ од 2018 година и досега со клубот не успеа да освои ниту еден трофеј, односно беше само по еднаш финалист во Лига купот и Лига Европа.

Пред да се пресели во Англија беше дел од Бордо со кој дојде до трофејот во францускиот куп, а потоа уште подобро се промовираше во фудбалскиот свет во дресот на Борусија Дортмунд освојувајќи ги германскиот куп и Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот