Обама ѝ донесе нов ковид-бран на Америка: 74 луѓе корона-позитивни од неговата роденденска прослава

Вкупно 74 луѓе на островот „Мартас винејард“ се тестирани позитивно на ковид-19 од екстравагантниот 60-ти роденден на поранешниот американски претседател Барак Обама минатата сабота, повеќе од која било недела од април, пишува „Дејли мејл“.

Меѓутоа, здравствените власти напоменуваат дека е сѐ уште рано да се знае дали стотиците гости и работници собрани на неговите роденденски забави без маски придонеле за пораст бројот на случаите со коронавирус.

Во моментов не сме запознаени за случаи поврзани со забавата на Обама – изјавила за „Дејли мејл“ здравствениот агент на Тисбери и портпаролот на здравствениот совет, Маура Вали и додала: „Малку е прерано и единствениот начин на кој тоа ќе го дознаеме е преку сеопфатно следење на контактите“.

Обама отишол со пријателите во четвртокот во „Barn Bowl & Bistro“, ѝ се приклучил на големата прослава во петокот во луксузното одморалиште Winnetu Oceanside.

Обама ја продолжил својата журка со бранч во неделата во ресторанот „Бич Роуд“, вечерајќи во „Винејард хевн“.

„Мартас винејард“ веќе доживуваше нов пораст на случаи со ковид кога Обама, подготвувајќи се да пречека 500 гости во својата вила, објави дека бројот на гости на неговата забава ќе биде „намален“ поради критиките што ги доби, бидејќи делта сојот на коронавирусот се прошири низ целата земја.

Но, и покрај инсистирањето на поранешниот претседател дека им откажал на сите гости, освен на неговото семејство и блиските пријатели, на неговата забава се појавиле 300 до 400 луѓе, сите од Џеј Зи и Бијонсе, Стивен Спилберг, Бредли Купер до Криси Тајген и Џон Леџенд, изјави за „Дејли мејл“ извор кој бил ангажиран на роденската прослава.

Неколку познати личности, вклучително и Бредли Купер, се пријавиле во хотелот „Харбор вју“, каде што шест членови на персоналот се тестирани позитивно на коронавирус.

Според локалните здравствени службеници, „Харбор вју“ бил меѓу трите нови кластери за ковид во Едгартаун, заедно со „Алхеми бистро“ и „Бар“ со 14 случаи, и ресторанот „Порт хантер“ со пет.

Последните два ресторани се привремено затворени, заедно со многу други места.

 

Видео на денот