О2 Иницијатива: Зошто нема пријави за загадувачите, како што има за активистите?

Реакција за вчерашното приведување на активистите на „Fridays For Future“приведување на активистите на „Fridays For Future“ денеска пристигна и од О2 иницијативата.

„За герила акции веднаш полиција доаѓа, испитува, притвора, ама за секојдневното недозволено загадување кое ни се случува, за тоа нема апсења и притвор, полицијата тогаш ја нема, иснпекциите пинг-понг играат кој е надлежен, извештаите покажуваат сè е во ред, кога веќе некоја казна не може да се избегне и таа на рати се плаќа, а црни чадови чадат, кучиња и крв, мазут измешан со масла што содржат PCBs, тешки метали, црвена нафта се точи како гориво, а министерството за животна средина е местото каде се одвива константно прикривање, тивкото одобрување на кршење закони, фаворизирање на чудни одлуки, симптоматични договори и “услови” за издавање на дозволи…. Но, нив никој не ги притвора и апси. Тоа е таа тешка лицемерна и крајно селективна правда само кон најмаргиналните и незаштитени алки во општеството“, стои во реакцијата. 

Тие порачачуваат дека без разлика кој е на власт, не е амнестиран од одговорност, туку како што велат, е соучесник во проблемот.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека прекршочни пријави се поднесени за петмината активисти од движењето „Fridays For Future“ поради вчерашната герила акција на Министерството за животна средина каде со црвена боја ставаа отпечатоци од раце на прозорците, симболизирајќи ја крвта на децата.

Вчера со реакција на Фејсбук се огласија и од движењето од каде велат дека при реализирање на протестната акција се создала непотребна тензија околу, за како што велат обичен креативен перформанс.

„Нашата акција имаше цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени не само кај јавноста туку и внатре во институцијата за животна средина. Наместо тоа се соочивме со нечовечки пристап кој само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакавме да ја пренесеме. Поради една безопасна герила акција која укажуваше на индолентноста на властите околу проблемот со животната средина, нашите активисти беа предмет на вознемирување, заплашување и испрашување како да извршиле терористички, а не симболичен акт во интерес на општото добро“, се вели во реакцијата на „Fridays For Future“.

Aктивисти на „Fridays For Future“ од Скопје беа задржани од полицијата во Министерството за животна средина (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот