Њузмакс Адриа: Жељко Јоксимовиќ планира да го купи Танјуг

Приватната компанија Минакорд медиум во сопственост на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и косопственичката на ТВ К1, Мања Грчиќ, ја купува новинската агенција Танјуг, дознава неофицијално Њузмакс Адриа (Newsmax Adria).

Од Танјуг не сакаа да ја потврдат или демантираат оваа информација, а Мања Грчиќ во порака за Њузмакс Адриа одговори дека не станува збор за купување на „Танјуг” и дека во следните седум до десет дена ќе се знае повеќе за оваа трансакција, пренесува Нова.рс.

Според одлуката на Агенцијата за деловни регистри од 21 декември, во Регистарот на деловни субјекти во новинската агенција Танјуг внесена е белешка за Заклучокот на Владата на Република Србија од 10 декември, дека Владата се согласува со Предлог-договорот за доделување на користење на други имотни права во сопственост на Република Србија, кои ќе ги склучи Република Србија како носител и компанијата „Тачно” доо од Белград, како корисник.

Фирмата „Taчно” основана е на 17 ноември оваа година, a нејзини сопственици се Минакорд медиум која има сопственички удел од 40 отсто и РТВ Панчево со сопственички удел од 60 отсто.

Новинската агенција Танјуг со указ на Владата на Србија требаше да престане со работа на 31 октомври 2015 година.

Според таа уредба, бришењето на Танјуг од регистарот на Агенцијата за деловни регистри требаше да биде покренато од овластено лице по плаќање на заостанатите долгови, но тоа не се случи ниту пет години подоцна.

Агенцијата за приватизација организираше два јавни повика за продажба на Танјуг, кои беа прогласени за неуспешни, затоа што немаше заинтересирани купувачи. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот