Нутриционистите предупредуваат: Ако досега вака јадевте банани, престанете

unsplash

Бананата е една од најстарите култивирани билки, а за нејзина татковина се смета Малајскиот Архипелаг, каде што станарите ги користат бананите за дополна на исхраната со риба.

Името банана потекнува од арапскиот збор „банан“ што значи прст. Во минатото поради вкусот ја нарекувале рајска смоква.

pexels

Освен што имаат одличен вкус, бананите се богати со хранливи состојки. Тие го снабдуваат телото со калиум, витамин Б6, витамин Ц, витамин А, манган, фолна киселина и се добар извор на влакна. Содржат во мали количини и калциум, магнезиум, цинк, бакар, железо, витамин Е и селен

Добри се за дигестивниот тракт, бидејќи го снабдуваат телото со корисни бактерии. Консумирањето банани може да го подобри видот, да го спречи заморот, да го намали ризикот од мозочен удар, а дејствуваат благопријатно и на дијабетес тип 2, утрински мачнини, рак на бубрези и остеопороза.

Но, докажано е дека луѓето не знаат како правилно да ги консумираат бананите. Според студиите, околу 90 отсто од оние што јадат банани ги фрлаат нивните најкорисни состојки!

Profimedia
Profimedia

Тоа се нишките што се меѓу кората и плодот, а се наречени „флоеми“. Во нив има хранливи материи што преминуваат во срцето на плодот. Немаат мирис и вкус и поради тоа многумина ги фрлаат, но на тој начин губат голем дел од корисните состојки. Нутриционистите советуваат овие нишки да се јадат заради подобар ефект врз телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот